Општина Центар започна со уривање на дивоградбата во „Урбан парк“

by fokus

Општина Центар, со асистенција на МВР, утринава започна со извршување на решението на инспекциските служби за отстранување на дивоградбите, но и на диво поставената населба во „Урбан парк“.

Се работи за објекти кои изградени од ПУИГ, но потоа во нив диво се населија други жители, кој буквално го запоседнаа паркот, градејќи импровизирани живеалишта, каде складираа пластичен отпад и секаков вид шут.

Изминатиот месец континуирано се разговараше со лицата кои беа сместени во паркот и им беше посочено дека ќе мора да го напуштат ова нивно привремено незаконско живеалиште. На истите им се понуди и сместување во едно од прифатилиштата на Министерството за труд и социјална политика. Дел од овие граѓани прифатија, но дел од нив не се согласија.

Општина Центар по комплетно расчистување на просторот ќе започе со реконструкција, зазеленување и поставување на урбана опрема во паркот.

Општина Центар како што ветуваше во изборниот период нема да дозволи дивоградби на својата територија и надлежните ќе носат решенија за нивно отстранување.

Поврзани новости