Советниците на општина Центар денеска, по два часа расправа, изгласаа одлука со која се забрануваат градежни работи околу плоштад Македонија. Со оваа одлука до крајот на годинава нема да може да се градат улицата на кејот на Вардар, како и Шпанските скали на плоштадот.
-Имав средба и со сопствениците на кафе-баровите, на нивна иницијатива, и тие побараа да се спречи оваа идеа.Од тука, ваков предлог беше инициран за да се стопираат градежните работи на тој дел од Центар, затоа што е потреба одлука која е прифатлива за сите граѓани. Очекувам дека и градоначалникот на Град Скопје да има ист став во интерес на граѓаните, рече градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ се противеа на оваа одлука, со образложение дека улицата која ќе минува веднаш покрај локалите на кејот на Вардар е во интерес на граѓаните.