Утре протест во Тетово: „Тетово во хаос“

by Фокус

Протестен марш ќе се одржи утре во 13:30 часот на градскиот плоштад во Тетово. Протестот е поради загадувањето на воздухот, палењето на дивите депонии, како и честите рестрикции на водата.

-Целта на протестот е да го искажеме нашиот револт за сето тоа што не е исполнето досега, а е ветено неколку пати. А, тоа е, меѓудругото, и затворањето на поранешниот Југохром, кој од многу надлежни институции е детектиран како најголемиот загадувач на нашиот град, изјави Фатон Алити, еден од организаторите на протестот.

Протестниот марш кој ќе биде под мотото „Тетово во хаос“ ќе започне на плоштадот, а ќе заврши пред зградата на општина Тетово.

Поврзани новости