Општина Центар: Панчевски и двајца инвеститори на диво граделе надградба

by fokus

Владимир Панчевски, претседателот на Основниот суд Скопје 1 заедно со уште двајца инвеститори, бесправно и без дозвола направиле надградба на зградата на улицата Никола Вапцаров бр.6, тврди општина Центар во денешната реакција.

Панчевски и инвеститорите од Општина Центар, во јуни 2015 година, добиле одобрение за „реконструкција и санација на фасадата во рамки на постојниот габарит“, кое им следува законски. Со ова решение, вели општината, тие немале право да направат никакво проширување или надградување на објектот.

- Advertisements -

„Во средината на 2016 година, тие поднеле барање за надградба на објектот, кое во август 2016 година било одбиено и вратено на доработка заради јасно наведени недостатоци во проектната документација. Инвеститорите, меѓу кои и Владимир Панчевски, на своја рака решиле да си доградат уште два ката и поткровје, без да поседуваат соодветна дозвола за тоа. Инспекцијата на општината, согласно законските прописи и во рамки на своите надлежности, издала барање за рушење на доградените спратови. Законот важи подеднакво за сите и општината ќе постапи според законот“, информира општината Центар.

Во текот на вчерашниот ден, истражители од Основниот суд ја одзедоа документацијата за овој предмет. Образложението е дека се работи за судски предмет, за кој не можат да даваат информации.

 

Поврзани новости