Општина Центар најостро ги демантира наводите дека за шест месеци биле издадени 64 градежни дозволи во Центар

by irena 17:14
17:14

Општина Центар најостро ги демантира наводите објавени во неколку медиуми дека за шест месеци биле издадени 64 градежни дозволи во Центар. Оваа информација е целосно неточна и претставува груба манипулација со јавноста. Тврдењата дека Општината ги потпишувала сите можни дозволи во предизборен период се целосно неосновани.

„Ве информираме, дека во последните шест месеци општината има издадено 24 одобренија за нови градби, додека пак, останатите барања се за реконструкција и адаптација на постојни градби. За половина од издадените одобренија за градба постапката е започната минатата година.

Апелираме, во иднина, сите заинтересирани страни да се обратат директно до Општина Центар, каде што надлежните служби стојат на располагање за навремено, точно и целосно информирање по сите релевантни прашања“, велат од Општината.

Слични вести