Агелер: Македонија е земја што ја сакам и ја ценам, со огромен потенцијал за младите

by irena 17:07
17:07

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, во интервју за утринската програма „Македонија наутро“ на МРТВ, зборуваше за своето секојдневие, впечатоците за Македонија и нејзината работа како амбасадорка.

Агелер откри дека денот ѝ започнува многу рано, со прошетка на кучето, вежбање и преглед на вестите и електронската пошта, пред да пристигне во Амбасадата околу 8:30–9:00 часот.

„Утрото е многу важно за поставување на тонот за денот и за да бидеш подготвен за секој предизвик“, рече таа.

Опишувајќи како изгледа еден работен ден, амбасадорката посочи дека секојдневието ѝ е исполнето со состаноци и средби со институции, граѓани, студенти и политичари.

„Една од големите предности на тоа да се биде американски амбасадор е што соработуваме со македонската Влада и со граѓаните на теми како економијата, безбедносната и воената соработка, сигурноста и градењето на светла иднина“, истакна Агелер.

Агелер ја изрази својата приврзаност кон земјава: „Ова е земја што ја сакам и ја ценам. Тука има многу потенцијал, особено кај младите, и би сакала да го видам тој потенцијал остварен. САД секогаш ќе бидат тука, да работиме заедно со вас за тие цели“.

Слични вести