Двајца повредени од „Пулс“ пуштени на домашно лекување, тројца остануваат во болница

by irena 17:34
17:34

Уште двајца од повредените млади лица од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ се пуштени на домашно лекување, додека тројца остануваат на болничко следење – двајца во Македонија и еден во Истанбул. Нивната состојба е тешка, но не е животно загрозувачка. Дополнително, шест пациенти примаат третман во Пирогов во Софија и во Скопје, а неколкумина веќе се пуштени од Клиниката за пластична хирургија. Двајца од пациентите имаат отворени рани, кои се лекуваат во кочанската Болница, информира директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, кој денеска беше во посета на Општата болница во Кочани.

Клековски додаде дека врвен хирург за пластика од Белгија направил проценка на сите пациенти на кои им е потребна реконструктивна интервенција. Засега, за 18 повредени се утврдено дека е потребна пластична хирургија, но интервенциите се планираат за подоцна.

„Ме радува фактот дека бројот на повредени се намали на тројца. Двајца пациенти се пуштени на домашно лекување, еден се врати од Истанбул и еден од Одделот за пластична хирургија. Во болнички услови се лекуваат еден пациент во Истанбул и двајца во државата. Тие се во тешка состојба, но не критична“, изјави Клековски.

Слични вести