Овластен градежен инспектор на општина Центар излезе на терен за да утврди што се случува и кои се причините за големото количество вода кое се излева во ископ на градба која се наоѓа во близина на МНР. Се работи за изградба на деловен објект, чиј инвеститор е „Волис Проперт“, изведувач “Рапид Билд“, а надзор „Поинт Дизајн“, информираа од општина Центар.
-Инспекторот констатирал дека фекалиите од пукнатата канализациониона цевка ги превзема ЈП “Водовод и канализација”, а водите од пукнатата цевка од атмосферска канализација одат во ископот на објектот. “Водовод” ја превзема водата, ја носи во други шахти . Овластениот градежен инспектор на општина Центар донесе решение за прекин на градба, а инвеститорот да се пренасочи на работа на обезбедување на земјиштето и на соседните објекти. Се испитува дали инвеститорот има изготвен елаборат за заштита на градежната јама, велат од општината.
Инспекторот констатирал дека на местото нема табла со назнака за видот на градба и кој е инвеститор и изведувач, а лицата од фирмата објасниле дека табла имало, но и таа отишла со ископот.