По јавните апели за откажување на новогодишните прослави од страна на општините, заради донирање на срествата во хуманитарни цели, општина Центар информира дека во моментот се ревидираат договорите и правните последици за ваквата одлука.
-Настанот кој го организира општина Центар е одамна подготвен. Освен локални артисти, настапуваат и артисти од регионот со кои веќе се склучени договори и чие откажување ќе предизвика сериозни финансиски последици. Истото важи и за останатиот дел од организациските работи и логистичките трошоци. Општина Центар има целосно разбирање за овие барања. Сепак, пред да се донесе ваквата одлука, важно е да се направи сериозна и објективна анализа дали воопшто и колку од буџетот може да се заштеди и реално пренамени. Во моментов општинските служби работат на ова прашање и наскоро ќе имаме конкретен одговор. – соопштија од Општина Центар.