Општина Центар ги зголеми градежните инспекциски контроли

by Fokus

Градежните инспекторски служби и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска во обиколка на градилиштата во општината.

Во изминатиот период Општина Центар спроведува зачестени инспекторски контроли, а според извештајот на градежниот инспекторат за изминатиот месец и половина изречени се 37 записници за инспекторски надзори, 10 решенија за отстранување, 10 заклучоци за дозвола за извршување како и 1 присилно административно извршување на донесено решение за отстранување.

„Уште во предизборниот период ветив засилени инспекторски контроли со цел брза реакција за нелегалните и небезбедни градежни активности на градилиштата. Мојата цел е хуманото градење со почитување на законските прописи вклучувајќи ја и безбедноста на граѓаните. Токму затоа денеска излегов заедно со градежните инспектори и видам како се одвиваат градежните зафати на градилиштата. Општина Центар ќе продолжи со засилени контроли затоа апелирам до сите инвеститори да ги почитуваат законските процедури при изведување градежни работи во градилиштата но и надвор од нив“ – рече градоначланикот Герасимовски.

Покрај инспекциските контроли на градежните инспектори, на градилиштата контрола спроведе и комуналната инспекција.

Согласно Законот за јавна чистота, со кои се информираат изведувачите на градежни објекти да не вклучуваат во сообраќај моторни возила со валкани тркала, да не оставаат градежен шут, отпад и градежен материјал, освен на места определени за таа намена, да не се пали и уништува смет, да не се палат огнови на отворено за греење на работниците.
Сите возила што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади, заради контрола на прашината.

Поврзани новости