МВР демантира дека киднапер се движи околу средното музичко училиште во Скопје

by Fokus

„Лажни се вестите дека киднапер наводно се движи околу средното музичко училиште во Скопје“, велат од Министерството за внатрешни работи.

„МВР најостро ги демантира лажните вести кои денеска се проширија по социјалните мрежи во врска со наводен киднапер, кој наводно се движел околу средното музичко училиште во Скопје. Ниту има пријава за такво лице до полицијата, ниту има пријава дека некое лице е киднапирано“ се вели во соопштението на МВР.

Оттаму додаваат дека лицето кое ја пласирало лажната вест ја повлекло објавата. Според Министерството, јавно објавило дека станува збор за лажна вест.

„Пласирањето на ваквите лаги е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните, а за жал зачестено се пласираат последниов период. Лицето кое ја пласираше оваа лага ќе биде повикано во полициска станица и до надлежното обвинителство ќе биде поднесен соодветен поднесок против него. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вакви лаги“ рекоа од МВР.

Поврзани новости