Општина Центар ја информира јавноста дека на вчерашната седница не беа донесени ДУП “Тасино Чешмиче 1, Општина Центар-Скопје”, и ДУП “локалитет Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно Малокурило и Цвеќара, Општина Центар-Скопје”, бидејќи во член 62, став 2, од Законот за локална самоуправа, јасно е наведено дека:
– Прописите се донесуваат со мнозинство на гласови од вкупниот број членови на советот, доколку поинаку не е определно со овој или друг закон“. Со оглед на тоа, дека на вчерашната седница поддршка за спорните ДУП-ови дадоа 11 од вкупно 23 советници, плановите не се донесени. ДУП-овите, спротивно на законот, беа поставени на Дневен ред на 23-та седница на Советот на Општина Центар, на предлог на советниците на ВМРО – ДПМНЕ – тврдат од општината.
Според општината, со предложените измени, ДУП “Тасино Чешмиче 1” не може да биде усвоен, бидејќи не е во согласност со ГУП на Град Скопје, донесен од Советот на Град Скопје.
Ваквиот став на оштината го соопшти и градоначалникот Андреј Жерновски на својот фејсбук профил.