Општината Шуто Оризари реагира на наводите на Партијата за целосна еманципација за Ромите – ПЦЕР според која градоначалникот на општината, проневерил половина милион европски пари.
-Не е точно дека Oпштина Шуто Оризари на 8 декември 2014 година добива грант во износот кој го презентираше ПЦЕР.Не ни е познато од каде и врз основа на што овие наоди ПЦЕР ги темели, посебно не ни е познато врз основа на кои документи го презентира износот на пари кој наводно е злоупотребен.
Ниту Општина Шуто Оризари ниту пак било која огранизација според нашите сознанија има добиено средства за отварање на производствени погони за нови вработувања за економски развој и за инвестиции во општината.
На сметка на Општина Шуто Оризари нема уплата во износ кој е презентиран во соопштението на ПЦЕР од било која институција односно организација.
Со соопштението на ПЦЕР и шпекулациите кои ги наведуваат се доведува до прашање кредибилитетот и механизмите на контрола на институциите на Европската Унија. Мора да се има во предвид дека при пласирање на вакви и слични информации не само што се врши штета на угледот на институцијата или личностите од Република Македонија, туку и директно се напаѓа и се доведува во прашање интегритетот, угледот и професионалноста на Европските инстиуции при вршење на надзорот на имплементацијата на одредени проекти или програми кои се финанскиски подржани од Фондовите на Европската комисија. – стои во соопштението на Општина Шуто Оризари.