Талески: Не може врз основа на една снимка да се прави ваква политичка хајка!

by fokus

Битолскиот градоначалник Владимир Талески по два часа распит ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство. Талески тврди дека е невин, а обвиненијата против него ги оцени како политичка хајка.

-Станува збор за наметната постапка и не може врз основа на една снимка да се прави ваква политичка хајка, изјави Талески по распитот во СЈО.

Во врска со тендерите за училишниот превоз во Битола, Талески рече дека постапките биле транспарентни и оти тоа ќе го докажат.

Битолскиот градоначалник се сомничи дека преку коруптивни тендери со школскиот превоз, проневерил 360 000 евра.

Од неговиот исказ ќе зависи дали СЈО ќе побара продолжување на куќниот притвор, кој истекува утре.

Поврзани новости