514
Двете вработени во градинки кои влегоа во денешната статистика на заразени со Ковид-19, биле од Пробиштип, а не од Штип, појаснуваат од Кабинетот на градоначалникот на општина Штип. Тие живееле и работеле во Пробиштип, но биле тестирани преку Центарот за јавно здравје Штип.
-Општинскиот штаб за заштита и спасување во Штип ве известува дека се работи за две позитивни граѓанки вработени во градинки, кои живеат и работат во Пробиштип, но се тестирани преку Центар за јавно здравје Штип, соопштуваат од Кабинетот на градоначалникот.
Министерството за здравство соопшти дека од новите 101 потврдени случаи на заразени од корона вирусот, во изминатите 24 часа, две лица биле вработени во градинка.