Општина Штип: На родителите им ја делевме стратегијата на МОН, не партиска програма

by fokus

Споменатиот лист хартија за кој тврдеше дека е партиска агитација во образованието е всушност извадок од Стратегијата за образование која ја подготвува МОН, реагираат денеска од Општина Штип на вчерашните обвинувања од СДСМ.

-Претставници на МОН на 9 ноември имаа презентација на Стратегијата во Општина Штип, при што беше побарано истата да биде доставена до родителите низ училиштата со цел да ја разгледаат и да дадат свои видувања по истата. Листот кој го покажуваше, не е никаков пропаганден леток, туку страна брј 29 од таа стратегија. Ако Милошев ги следел настаните и пред се вестите, ќе знаеше за што се работи. Се надеваме дека следниот пат господинот Милошев прво ќе се информира па откако ќе добие информации, да одлучи дали има место за политичка реклама, за да не му се случи пак да шири дезинформации. Освен, ако тоа не му е и намерата, се вели во реакцијата од општина Штип.

 

Поврзани новости