Општина Кочани се поднови со „пасат“ вреден 23.470 евра

by Фокус

Општина Кочани ќе се поднови со нов автомобил „фолксваген пасат“, вреден 23.470 евра, кој на општината треба да и биде испорачан во рок од 90 дена. Општината автомобилот го набавила од „Порше Македонија“, а тендерот за набавка, кој денеска беше објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки, бил склучен пред десет дена.

Општината и претходно располагаше со ваков автомобил, но беше продаден, откако беше оштетен во сообраќајна несреќа, па поголемиот дел од средствата се искористени за да се плати новиот „пасат“.

Инаку, возилото од осмата генерација на „фолксваген пасат“, какво што наскоро ќе поседува кочанската Локална самоуправа, ја освои наградата „Европски автомобил на годината за 2015“, што му веше доделена во Женева на меѓународниот саем на автомобили.

Поврзани новости