Општина Кисела Вода вечерва демантираше дека негувателка од градинка во Кисела Вода починала, бидејќи била отпуштена од работа, обвинување кое беше изнесено денеска на собраниската говорница од страна на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков.
-Сакаме да демантираме дека негувателката била отпушена од први јуни. Таа имаше активен договор до 31.12.2018. Сакаме да потецираме дека 19 нови договори беа обезбедени во последниов период за градинките од страна на Министерството за труд и социјална политика и дополнителни 7 приверемени договори беа обезбедени од страна на општина Кисела Вода. Сметаме дека не е убаво да се злупотребува ваков случај и туѓа несреќа и притоа да се кажуваат вакви лаги. Во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ социјалната заштита во општина Кисела Вода беше на минимално ниво. Како локална самоуправа и како централна власт ќе ги санираме сите штети настанати во времето на ВМРО-ДПМНЕ, изјави за „Фокус“ градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски.