128
Советот на Општина Карпош денеска им оддаде почит на загинатите во сообраќајната несреќа која неодамна се случи на скопската обиколница.
Седницата започна со едноминутно молчење, а потоа Советот донесе одлука за доделување еднократна парична помош од 100.000 денари по човек за семејствата погодени од трагедијата.
Во тешката несреќа животот го загуби оперскиот пејач Ристе Велков (51) кој загина заедно со својот син Адам Велков (20), како и неговите другари Марко Ѓорѓиевски (20) и Петар Миланов (20).
Трагичната несреќа се случи откако камион ја проби заштитната ограда на скопската обиколница и заврши во лентата каде се движат возила во спротивна насока, удирајќи директно во автомобилот со кој управувал Ристе Велков, по што возилото се запалило.