490
Советот на општина Карпош денеска едногласно ја изгласа предлог-одлуката за распишување на референдум на локално ниво, на кој жителите на општината ќе се изјаснат во врска со населувањето мигранти на територија на Општина Карпош.
Во согласност со одлуката, локалниот референдум ќе го спроведе Општинската изборна комисија на Карпош и општинските избирачки одбори.