СДСМ: Се виде колку Груевски се грижи за граѓаните кога младото момче колабираше и никој не му помогна

by fokus

Колку навистина Груевски се грижи за граѓаните се покажа на неговата денешна прес конференција кога младо момче зад него колабираше а ниту еден, вклучително и Груевски не се ни обиде да му помогне, реагира СДСМ на денешната прес конференција на Никола Груевски.

-Груевски отворено кажа дека е против покачување на минималната и со тоа отиде директно против интересите на 70 000 граѓани кои очекуваат и заслужуваат повисоки плати и повисок животен стандард. Очигледно е дека Груевски не може да побегне од сопствените политики на деструкции, поделби, тензии и внатрешни и меѓународни конфликти. Груевски не може да се помири со фактот што парите на граѓаните повеќе не завршуваат во неговиот џеб, туку се користат за повисоки плати и пензии, нови работни места, поголема помош за земјоделците и за решавање на статусот на стечајците. Залудни се сите лажни обвинувања на Груевски, кому веќе не му веруваат ниту во сопствената партија. Груевски е соочен со значењето на Зборот е збор и со одговорното и посветено работење во интерес на граѓаните од страна на Владата предводена од СДСМ, се вели во реакцијата.

Од СДСМ додаваат дека граѓаните увиделе дека може да се работи чесно, одговорно и во интерес на нивните интереси и затоа на локалните избори ќе ставеле крај на криминалните, расипничпки и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.

 

Поврзани новости