Општина Чаир потроши 170 илјади евра за опрема за манифестации

by Фокус

Општина Чаир пред два дена склучила договор за техничка припрема при одбележување на манифестации во вредност од 10 и пол милиони денари, односно од над 170 илјади евра.

Според податоците од Бирото за јавни набавки, овој договор склучен на 3 март со компанијата „Проивент Солуции“ се однесува за поставување бини, озвучување и осветлување, во период од 24 месеци.

Во договорот потпишан од градоначалникот Висар Ганиу и управителот на компанијата Миланчо Тодевски, меѓу другото, се наведува дека компанијата се обврзува да ја чува потребната опрема во соодветни простории и да ја има на располагање во секое време во период од 2 години, колку што трае договорот.

Во техничката спецификација за јавната набавка, пак, стои дека техничката припрема се однесува за настани до 1.000 луѓе, за настани до 5.000 луѓе и за настани до 10.000 луѓе, од што зависи потребната опрема за осветлување, озвучување, видео-проекции, како и големината на бината.

Поврзани новости