Трајанов: Треба чудо да се случи за да не добиеме преговори

by fokus

Првиот човек на Демократски сојуз, Павле Трајанов во денешното гостување на „Утрински брифинг“ излезе со став дека досега ниту една држава не оспорила дека Македонија ќе добие датум за започнување на преговорите.

„Ние не избрзуваме со нашите политички ставови, оценки, комуницираме со пријатели од Франција, Берлин, Атина, ги поттикнуваме да размислуваат за Македонија, дека има многу отстапки, но и реформи, дека се решени многу прашања, согледуваме дека одлуката за почеток на пристапните преговори е усогласена и сега се работи за формална средба која што ќе се одржи на 26 март во Брисел. Засега тие се информациите и треба чудо да се случи за тие работи да се пореметат“, вели Трајанов.

Поврзани новости