724
Градоначалникот на Аеродором, Ивица Коневски заедно Ратко Капушевски, сега претставник на фирмата Тенис Парк, а поранешен директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска го презентираа новиот проект, тениски терени. Изградбата на овие терени ќе лини два милиони евра, а сопственик на фирмата инвестирот е Сергеј Самсоненко.
Тениските терени ќе биде изградени непосредно до хотелот Русија, кој е во сопственост на бизнисменот Самсоненко, и спортскиот центар „Јане Сандански“ кој е исто така инвестиран од страна на Русинот.
На потпишувањето на договорот помеѓу Општина Аеродром и фирмата инвеститор присуствуваше и министерот за финансии, Кирил Миноски кој рече дека оваа инвестиција ќе придонесе за зголемување на локалниот економски развој.