Опозициските пратеници во Србија го критикуваа Вучиќ за случувањата во Македонија: Тоа што се случи е невобичена дипломатска пракса

by Fokus

Опозициските пратеници во српскиот Парламент денеска ги критикуваа претседателот Александар Вучиќ и српската Влада во врска со настаните поврзани со Македонија, и оценија дека тоа што се случи е невообичаена дипломатска пракса, јавија спрските медиуми.

Независниот пратеник Јован Јовановиќ, кој е поранешен амбасадор, оцени дека во конкретниот случај станува збор за невообичаена дипломатска пракса, откако пред неколку дена Србија ги повлече сите дипломати од амбасадата во Македонија.

Според него, станува збор за непотребно создавање тезнии, што е во спротивност со дипломатската пракса.

Поврзани новости