436
Опозицискиот совет кој неодамна го формираа движењето Беса, ПДП и група албански интелектуалци од Македонија, вчера во Хамбург, Германија имале средба со иселениците од земјава.
На дискусијата, било разговарано за нивната платформа и политичките проект, кои имаат за цел повторно обединување на опозицијата.
Групата од Македонија ја предводел публицистот Ким Мехмети. На средбата иселениците имале можност да се информираат и за политичките случувања во земјава.