Речиси милион луѓе го исполнија до крај најголемиот парк Орхангази во Малтепе на азискиот брег на Истанбул за изборниот митинг на опозициската Национална алијанса, што се одржа под наслов „Големата средба со народот“.
Паркот беше како море од развиорени црвени знамиња и постери со ликот на Ататурк. Извиците „Право“, „Сакаме вистинска правда“, „Време е за промени“, „Економски просперитет“, „Пролетта е наша“ го исполнија теренот.
Лидерите на шесте политички партии (Народна републиканска партија, Добра партија, ДЕВА, Партијата на иднината, Партијата на среќата и Демократската партија) се обединети во Националната алијанса, на чело со претседателскиот кандидат Кемал Куличдароглу.
-Ќе ја замените авторитарната влада со демократски средства – Киличдароглу пред толпата во истанбулската област Малтепе.
Тој додаде дека демократската промена на турската влада би била „подарок за светската политика“.
-Нема да ја оставиме Република Турција во рацете на еден човек – рече тој.
Ердоган, кој треба да ги собере своите поддржувачи во Истанбул в недела, се соочува со најтешките избори во последните 20 години, во услови на економска криза и по разорните земјотреси во февруари во источна Турција.