Опозицијата во Тирана запали српско знаме, не сакаат „Отворен Балкан“

by Fokus

Околу 16:30 часот пред албанската влада во Тирана започна протестот против иницијативата Отворен Балкан“, организиран од албанската опозициска Демократска партија на Љуљзим Баша. Голем број полициски сили се присутни во центарот на главниот град на Албанија.

Протестот се организира во пресрет на доаѓањето на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, како и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на состанокот на иницијативата за регионална соработка „Отворен Балкан“, што денеска и утре се одржува во Тирана.

 

Демонстрантите го запалија српското знаме кое беше истакнато во знак на добредојде на улицата што води кон Владата, по што следеше бурно одобрување на насобраните, а едно момче падна од јарболот обидувајќи се да го спушти знамето.

Протестантите носат транспаренти со пораки напишани против иницијативата „Отворен Балкан“, претседателот Вучиќ, Рама, Сорош и слично.

 

Бериша пред неколку дена преку социјалните мрежи ги повика Албанците да дојдат на протестот, нарекувајќи ги национални протести насочени против, како што рече, „антиалбанското сценарио“.

Учесниците на протестот, предводени од Бериша, претходно се собраа пред седиштето на Демократската партија во Тирана, а потоа пешачеа до зградата на Владата, каде што беше поставена бината, а недалеку од таму е и српската амбасада во Тирана, јавува Танјуг.

Поврзани новости