Поставувањето на Зекир Рамчиловиќ за амбасадор во Подгорица е доказ за партизираната дипломатија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако министерот за надворешни работи Бујар Османи истакна дека е завршена постапката за 4 нови амбсадори.
“Наместо соодветен кадар кој достојно ќе ја претставува Македонија, власта за амбасадор поставува свој партиски послушник кој од дипломатија разбира само продажба на државните интереси на Македонија и преговори за фамилијарни вработувања. Така, откако гласаше за промена на името на Република Македонија, СДС прво го награди Рамчиловиќ и го стави пратеник, а потоа наградата се прошири и за неговото семејство. Најпрвин си ја вработи сопругата на висока позиција во МВР, а потоа и неговиот син го вработи како полицаец”, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Инаку, Рамчиловиќ нема дипломатско искуство и е пратеникот кој се одметна од матичната ВМРО ДПМНЕ, откако со седум други колеги гласаше за промена на името. Потоа стана дел од оваа независна пратеничка група, а сега е актуелен пратеник на СДСМ.
Функција амбасадор добија и актуелниот директор на АНБ Виктор Димовски кој оди во Париз, поранешниот министер за одбрана Јован Манасиевски патува во Анкара, а Зулфи Исмаили во претставништвото на ЕУ во Брисел.