Опозицијата нема да предложи свои членови во собраниската Анкетна комисија за фалсификувањето на лични документи и на денешната седница ќе објасни зошто смета дека формирањето на ова тело нема никаква смисла туку дека тоа е само контра комисија на онаа за скандалот за прислушување.
Денеска собраниската комисија за изборите и именувањата треба да ја формира анкетната комисија која треба да го расчисти скандалот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши и други документи.
Опозицијата гласаше против формирањето на оваа комисија, но тоа што денеска нема да предложи свои членови нема да го спречи формирањето на оваа Анкетна комисија. Формирањето на оваа комисија го побара координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.