452
Лидерите на коалициските партнери на најголемата опозициска партија, СДСМ, Тито Петковски и Андреј Жерновски денеска треба да остварат средба со првиот човек на партијата Зоран Заев, за да ја договорат стратегијата за натамошно делување на опозицијата и бојкотот на парламентот.
Очекувањата на лидерите се дека ќе се испрати јасна порака дека, опозицијата има концепт за вонпарламентарното делување.