„ЕкоГерила“ ќе поднесе жалба до Уставен за продолжување на рокот за „Југохром“

by Фокус

Откако Владата го продолжи рокот на „Југохром“ за поставување на филтри во наредните две години, со реакција се јавија од граѓанското здружение „ЕкоГерила“. Одборот за протести на движењето ќе поднесе жалба до Уставниот суд, откако слушнале дека фабриката повторно добила дополнителен рок за исполнување на еколошките стандарди.

– „Југохром“ не само што не ги постави филтрите последните 10 години, кога на сила дојде задолжително поставување и интегрирање на филтрите, но продожи да ги труе околу 340.000 жители на Тетово, Гостивар и другите општини во овој регион. Животот на 340.000 жители е многу поважен од платите на 1.000 вработени, и  Владата и државата се тие кон кои се плаќа данокот, а тие се должни да обезбедат соодветни услови за живот – наведуваат од „ЕкоГерила“.

 

Поврзани новости