475
Министерството за внатрешни работи предмалку информираше дека вчера околу 22.30 часот примиле пријава дека кај прилепското село Прилепец, на патот кон Градско, избувнал пожар во викенд куќа сопственост на П.Р.
Дел од медиумите објавија дека станува збор за викендица на претседателот на прилепскиот општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, која, според овие медиуми, била запалена.
Инаку, Територијална противпожарна единица го локализирала пожарот половина час по полноќ, а од полицијата велат дека нема повредени и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фотографијата е преземена од интернет порталот Маркукуле