Судот го прифати барањето на Заев, но нема услови за гледање на снимката

by fokus

Судот го прифати барањето на премиерот, Зоран Заев, обвинет во случајот „Поткуп“, како и на неговите адвокати јавноста да биде присутна во судската сала кога ќе биде пуштена видео снимката обезбедена преку ПИ мерки, која се користи како доказ во постапката. Сепак судењето е одложено и снимката ќе се гледа на следното рочиште.

Причина за одложувањето е затоа што во Кривичниот суд нема услови за гледање на снимката. Поради тоа следното рочиште е закажано за 26-ти март.

Заев и неговите адвокати бараа присуство на јавноста затоа што, како што рекоа, снимките на Youtube биле нецелосни. Премиерот додаде дека јавноста треба да ги види во целост за да поврати дел од изгубениот углед.

Обвинителите беа против ова барање затоа што, рекоа, станува збор за класифицирани материјали.

Поврзани новости