447
Во Алјаска е вклучен алармот за опасност од цунами по земјотресот со јачина од 8,2 степени според рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотесот е лоциран на 300 километри од Кодијак, на длабочина од десет километри.
Државата издаде предупредување од цунами во делови на Алјаска и Канада, а внимателност се советува долж целата западна обала на Америка.
Во предупредувањето на граѓаните им се порачува да најдат засолниште или да се повлечат на повисоките места во посочените области.