765
Велешани уште ги труе депонијата која со години е оставена на три километри од центарот на градот.
Активисти од градот денеска поставија и големо знаме со знакот „Опасно по живот” на ридот зад велешката „Топилницата”.
Оваа герила го искажува револтот од односот на Министерството за eкологија и Општина Велес, кои го одовлекуваат процесот на расчистување на отровниот рид.
Активистите апелираат што побрзо да се отстрани депонијата со згура, која со години ги труе жителите на градот.