Половина месец државата не може да испита колку е штетен отпадот од стопените акумулаторски батерии во Орман и да открие чиј е плацот каде што бил фрлан.
„Правниот субјект ќе добие забрана за работа за новата постројка во рок од 90 дена кој е максимален рок согласно законската регулатива, односно до отстранување на недостатоците“, велат од државниот инспекторат за животна средина.
Лабораториските анализи за оловната згура се уште не се готови. Иако беше најавено дека ќе се објават пред 5 дена, сега има нов рок. Испитувањата ќе завршеле во понеделник.
-Утврдивме дека таму има незаконски дејствија. Носена е згура од Пропиштип во Скопје. Оној којшто го направил прекршокот прво ќе си го санира прекршокот, па ќе си го плати. Нема да дозволиме во иднина повторно да се случува истата активност. Точно знаеме какви активности имало, само чекаме да видиме за каков тип на отпад станува збор – изјави Каја Шукова, министерка за животна средина
Државните инспектори не знаат ниту чиј е имотот од каде што ќе треба да се отстрани ѓубрето. Се уште нема ни решение за дислокација од Ѓорче Петров до кругот на операторот во Чучер Сандево.