749
Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирусот, откако вчера беа регистрирани 392 инфицирани од 4.633 тестирања или околу 8,4 отсто. Претходно, тој процент беше над 10 отсто.
Исто така, се намалува и бројот на активни случаи. Ако на почеток на септември во државата имаше над 15.000 активни случаи, сега има 12.240.
За претходното деноноќие, беа регистрирани и 17 починати, а како што соопшти Министерството за здравство, дополнително во „Мој термин“ пријавени се уште три починати лица во периодот од 12 до 22 септември. Регистрирани сe и 339 оздравени пациенти.