Телеком Австрија Групацијата денеска објави дека договорила спојување на својата подружница Вип-оператор со компанијата Оне (подружница на Телеком Словеније) во Македонија.
– Телеком Австрија Групацијата ќе поседува 55 отсто удел во компанијата и ќе има целосна контрола врз новосоздадениот ентитет, додека Телеком Словеније ќе задржи 45 проценти. Договорот, исто така, вклучува опции за купување и продажба за излегување на Телеком Словенија од заедничкото вложување во рок од три години од затворањето на спојувањето. Затворањето на трансакцијата, меѓу другото, е предмет на потврда после спроведена детална анализа на Оне, што се очекува да биде финализирано до средината на ноември, кога и ќе бидат објавени повеќе информации. Исто така, спојувањето е предмет на одобрување од страна на надлежните институции во Република Македонија и се очекува затворање на трансакцијата во првиот квартал од 2015 година – се вели во денешното соопштение..