Нападнато момче во автобус и пренесено во Ургентен центар

by Фокус

Малолетно момче денеска е нападнато од поголема група во автобус со број 2, на булеварот „Партизански одреди“, при што поради нанесените повреди веднаш е пренесено во скопскиот Ургентен центар. Момчето има повреди на главата, но е во свесна состојба.

Од Ургентниот центар ја потврдуваат информацијата. Од таму велат дека момчето во текот на денот е примено на клиниката, но се уште му се прават потребните испитувања.

– Во текот на денот, кај нас е донесено момче повредено во пределот на главата. Но, тоа е во свесна состојба и добро ориентирано. Сепак, за сигурност моравме да му направиме компјутерска томографија и во зависност од резултатите ќе одлучиме дали ќе биде хоспитализиран во болницата – информираа од Ургентниот центар.

Поврзани новости