Таканаречената ОНА, преку коминике потпишано од извесен командант Куштрими, упати закани до премиерот Никола Груевски и неговиот прв братучед Сашо Мијалков, како и „сите оние што помагаат против албанскиот народ“.
„Со одлука на главниот штаб за акција е успешно извршена на 28.9.2015 во 17.45 од специјалната единица на УЧК (диверзантски единици „Авни Рустеми“ и „Тели 69“), во гнездото на злоделата над албанското население во МВР и околината, каде испукани се 12 гранати како продолжение на нападот од 27.9.2015 над инспекторот Ариф Асани – предавник на албанскиот народ“, пишува во соопштението.
Во него уште се бара ослободување на затворениците на ОНА кои се уапсени со политички монтирани процеси од 2003 година, па се до последниот трагичен настан во Диво насеље во Куманово.