ОН: Во бомбардирањето во Авганистан загинаа деца

by fokus

Мисијата на Обединети нации во Авганистан соопшти дека 30 деца биле меѓу жртвите при минатомесечниот воздушен напад на авганистанската авијација.

Авганистански официјални лица тврдат дека тоа бил напад на бунтовници.

Во извештај на ОН објавен денеска се наведува дека во нападот на 2 април загинале 36 лица, како и дека имало верска церемонија во провинцијата Кундуз, на која присуствувале стотици мажи и момчиња.

Исто така, се наведува дека тогаш биле повредени 71 лице, меѓу кои 51 дете.

ОН наведува дека не можат да потврдат дали жртвите биле цивили, ниту дали талибанците биле присутни.

Поврзани новости