ОН: Руски официјални лица најверојатно вмешани во труењето на Навални

by fokus

Експерти за човекови права на Обединетите нации денеска изјавија дека претставници на руската Влада многу веројатно се вмешани во труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални минатата година и тврдат дека намерата била да се даде „злобно предупредување“ за да се замолчат неистомислениците.

-Со оглед на несоодветниот одговор на домашните власти, употребата на забрането хемиско оружје и очигледната шема на обиди за убиства, сметаме дека треба итно да се спроведе меѓународна истрага за да се утврдат фактите и да се разјаснат сите околности околу труењето на Навални, се наведува во заедничката изјава на експертите на ОН, Агнес Каламард и Ирене Кан.

Поврзани новости