Нови 234 заразени со ковид, седум починати

by fokus

Во последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 99, Прилеп – 26, Кавадарци – 19, Куманово – 17, Струмица – 15, Неготино – 9, Тетово и Кочани – по 7, Гостивар – 6, Штип и Велес – по 5, Охрид и Гевгелија – по 4, Струга – 3, Виница – 2, Битола, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Берово и Пробиштип – по 1, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 274 оздравени пациенти од: Скопје – 138, Кавадарци – 33, Неготино – 19, Велес – 10, Крива Паланка и Ресен – по 8, Штип – 7, Куманово – 6, Тетово, Битола, Струмица, Делчево и Кратово – по 5, Гостивар, Гевгелија, Свети Николе и Валандово – по 3, Кочани, Кичево и Пробиштип – по 2, Берово и Богданци – по 1.

Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (68г – странец хоспитализиран во Скопје, 86г), 2 пациенти од Крушево (71г,71г), и по еден пациент од Тетово (62г), Прилеп (85г) и Пробиштип (71г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Направени се 1.208 тестови преку: ИЈЗ-309, ЦЈЗ Скопје-58, Авицена-0, Биотек-161, Жан Митрев (Филип Втори)-152, Систина-257, Лаор–0, МАНУ-0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, ИБЗД Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 269, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 523.726 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.020, бројката на оздравени пациенти е 91.507, на починати е 3.144, а бројот на активни случаи изнесува 8.369.

Поврзани новости