Обединетите нации предупредуваат дека пандемијата на коронавирусот може да предизвика широк спектар на психолошки заболувања и ги повика државите да го вклучат менталното здравје и психосоцијалните проблеми во нивниот план за борба против Ковид-19, се наведува во денеска обjавениот документ на светската организација.
Оттаму се наведува дека пандемијата сериозно влијае врз менталното здравје на медицинските професионалци, отпуштените работници, семејствата во кои училиштето е преместено во домот, па се до старите лица кои страдаат од осаменост и вознемиреност, пренесува Би-Би-Си.
Во документот се наведува дека доброто ментално здравје е клучно за функционирањето на општеството и дека без да се грижи за тоа, светот ќе се соочи не само со пандемија, туку и со психичка здравствена криза.