ОН формираат глобален фонд за поддршка на третманот на пациенти со коронавирус

by Fokus

Обединетите нации ќе создадат фонд за поддршка на третманот на пациенти со коронавирус ширум светот, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Норвешка.

-Мулти-донаторски фонд под покровителство на ОН ќе обезбеди предвидливост за нашите партнери и ќе помогне да се направат напорите поефективни, нагласи министерот за надворешни работи Ине Ериксен Соереиде во изјавата.

Целта на фондот е да им помогне на земјите во развој со слаби здравствени системи во справувањето со кризата, како и да се справат со долгорочните последици, додаде министерството.
Формалната објава се очекува во оваа недела, се вели во соопштението.

Речиси 340.000 луѓе се заразени од новиот коронавирус низ целиот свет и повеќе од 14.500 ги загубија животите.

Поврзани новости