722
Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Зеид Рад ал-Хусеин, денеска ги повика европските земји да примат повеќе мигранти и да се справат со дискриминацијата и предрасудите кон нив.
-Шокиран сум и засрамен поради постојаната демонизација на мигрантите во многу земји, чии народи уживаат во мир и просперитет, рече тој денеска во Советот на ОН за човекови права во Женева.
Комесарот за човекови права побара од европските земји да се изборат со огромната нетрпеливост кон мигрантите, бидејќи, како што рече тој, таа може да прерасне во насилство.