ОН бараат доказ од Обединетите Арапски Емирати дека ќерката на владетелот на Дубаи е жива

by fokus

Обединетите нации побараа од Обединетите Арапски Емирати доказ дека принцезата Латифа, ќерката на владетелот во Дубаи, шеикот Мухамед, е жива.

Во видеата снимени од принцезата Латифа и испратени до пријателите, таа го обвини својот татко дека ја држи во заложништво во Дубаи, откако се обидела да избега во 2018 година, пренесува Би-Би-Си.

Ќерката на премиерот на ОАЕ и владетел на Дубаи исто така изјави дека се плаши за својата безбедност и животот.

„Не знам дали ќе го преживеам ова. Уморна сум од сè, не сакам да бидам заложник, само сакам да бидам слободна”, рече таа тогаш.

Таткото на принцезата Латифа, шеикот Мухамед ибн Рашид ал Мактум, е еден од најбогатите владетели во светот.

Поврзани новости