Омикрон е регистриран во 57 земји

by Фокус

Во неделниот епидемиолошки билтен на Светската здравствена организација се посочува дека од 7 декември годинава омикрон-варијанта на коронавирусот е потврдена во 57 земји.

Експертите посочија на фактот дека бројот на откриени случаи на коронавирус во моментов рапидно расте во Јужна Африка.

Иако причините за ова зголемување се уште не се познати, тие велат дека ширењето на Омикрон во регионот е „веројатно“, а зголеменото тестирање на населението за ковид одигра улога, бидејќи сојот беше класифициран како заканувачка варијанта.

Организацијата нагласува дека прелиминарните анализи покажуваат дека мутациите во омикрон-варијантата можат да ја намалат неутрализирачката активност на антителата, што доведува до намалена имунолошка заштита.

СЗО верува дека ова е можеби објаснувањето зошто оваа варијанта се чини дека брзо се шири меѓу високо имунизираните популации, како што е случајот во ЈАР.

Поврзани новости