Карантин од две седмици за контактите на заразените со омикрон во Хрватска

by Fokus

Сите контакти на заразените со омикрон-варијантата на корона вирус одат во 14-дневен карантин, без оглед дали се вакцинирани или веќе прележале Ковид-19.

„Доколку изворот е заразен со омикрон-варијанта или постои епидемиолошки сомнеж дека се работи за тој вид, сите контакти, без разлика на статусот на вакцинација и прележана болест, ќе подлежат на 14-дневен карантин и треба да се тестираат со ПЦР-тест на почеток и на последниот ден од карантинот“, стои во ревидираните препораки, а пренесе агенцијата „Хина“

Поврзани новости